Перфектната последна четвртина на Ритас спречи сензација на Василев и Џукија (ВИДЕО)

Никола Василев и неговата Џукија беа на прагот на сензација на натпреварот против Ритас во литванското првенство откако по три четвртини имаа предност против великанот на литванската кошарка. Сепак на крајот за поразот од 86-95 пресуди перфектната последна четвртина на фаворитот кој постигна 33 поени, а прими само 20.

И покрај денешниот пораз, Џукија останува сигурна од опасната сезона, на седмата позиција на табелата со скор од 7 победи и 13 победи.

Се вчитува...