Перфектниот Димитријевиќ си закажа пресметка со Теодосиќ

Ненад Димитријевиќ беше меѓу најзаслужните што Хувентуд триумфираше на клучниот меч во Еврокупот, на гостински терен против Нантер (88-95), резултат со кој шпанскиот тим се пласираше во четвртфиналето.

Македонскиот плејмејкер беше незапирлив, доминирајќи при поседот на топката и постигнувајќи 14 поени без ниту едно промашување (7/7 од поле), надополнети со два скока, две асистенции за нецели 18 минути игра.

Освоеното второ место во групата значи дека Хувентуд за ривал во четвртфиналето ќе го има големиот фаворит Виртус Болоња, четвртфинална серија во која Димитријевиќ ќе има можност да ги одмери силите со Милош Теодосиќ.

Четвртфиналната серија „подобар од три“ се игра во периодот од 23. до 31. март, а предност која ја носи домашниот терен ќе ја имаат „црно-белите“ од Болоња, како првопласирани од групата „Г“.

Се вчитува...