Перфектниот Јокиќ, Кари го „изрешета“ Милвоки (ВИДЕО)

Српскиот центар Никола Јокиќ го одведе Денвер до победа над Детроит од 134-119. За 27 минути на паркетот Јокиќ беше блиску до нов „трипл-дабл“ ефект, запишувајќи 27 поени, дополнети и со 11 асистенции и осум скока.

Одлична поддршка Јокиќ имаше од Мајкл Портер со 25 поени и седум скока, како и од Вил Бартон кој постигна 24 поени. Џереми Грант кај Детроит запиша 29 поени.

Стеф Кари ги „изрешета“ Милвоки носејќи победа за Голден стејт од 122-121. Кари мечот го заврши со 41 поен, запирајќи на низата од три победи на Бакс.

Портланд загуби на гости од ЛА Клиперс со 133-116. Пол Џорџ со 36 поени беше најдобар кај Клиперс, а Пауел кај Портланд постигна 32 поени.

Чикаго на гостински терен славеше против Индијана со 97-113. Аталанта го победи Њу Орлеанс со 123-107, додека Филаделфија славеше на гости кај Бостон со 96-106. ЛА Лејкерс, пак, на гостински терен славеа против Торонто со 101-110.

Се вчитува...