Перишиќ: Би играл во Англија или во Шпанија, а и Нико Ковач знае каде да ме најде

Хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ ја „запали“ јавноста во Италија со својата изјава дека би сакал да игра во Шпанија или во Англија, но и дека тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач, знае каде да го најде, доколку сака да го доведе на „Алијанц  арена“. Сепак, тој има актуелен договор со Интер, кој го потпиша минатата година.

„Среќен сум во Интер, но знаеме дека во фудбалот се може да се случи. Би сакал да играм во Англија и Шпанија, но не знам дали ќе имам доволно време за да го сторам тоа. Баерн Минхен? Нико Ковач имаше големо влијание во мојата кариера, имав одлични за Хрватска кога тој беше селектор. Но, тој знае каде да ме најде, тоа не е голем проблем. Сепак, минатата година ставив потпис на петгодишен договор со Интер и јас реално, уживам во Милано“, изјави Перишиќ за италијанските медиуми.

Се вчитува...