Перо Антиќ уште четири години на чело на македонската кошарка

Перо Антиќ и официјално ја доби втората кандидатура за претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, откако беше изгласан како единствен кандидат на Собранието што се одржа денеска во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Поранешниот кошаркар на Црвена Звезда, Олимпијакос, Атланта Хокс, Фенербахче… беше реизбран со 40 гласа „за“ од вкупно 41 делегат на Собранието со што стана еден од ретките со два мандата на претседателското место на македонската кошарка.

Пред изборот на Антиќ, Собранието го усвои и финансискиот извештај за 2022 година со контатирани долгови од 200 илјади евра од клубоите за котизации, лиценци, казни, закуп на сали… Најголемите приходи на „Куќата на кошарката“ се од организација на младински европски првенство.

Се вчитува...