Перо Антиќ за Новицки: Ми беше чест што играв против него….

Дирк Новицки ја заврши својата фантастична кариера, а на адресата на германскиот ас од сите страни стигнуваат пораки и честитки за постигнатото низ годините.

На нив се приклучи и најдобриот македонски кошаркар на сите времиња, Перо Антиќ, кој на својот инстаграм профил објави заедничка фотографија со Новицки, од дуел меѓу селекциите на Германија и на Македонија.

„Еден од најдобрите крилни центри кои некогаш ја играле оваа играч. Чест ми е што имав можност да играм против него. Честитки за одличната кариера, Дирк“ – напиша Антиќ.

Се вчитува...