Перу е во баражот Колумбија и Чиле останаа без Мундијал

Фудбалската репрезентација на Перу го освои петтото место во јужноафриканските квалификации за пласман на Светското првенство кое на крајот на годината ќе се игра во Катар.

Перуанците синоќа славеа на домашен терен против Парагвај со 2-0 и со тоа ги елиминираа од мундијалот фаворизираните репрезентации на Колумбија и Чиле.

Перу за пласман на Светското првенство ќе игра со подобриот од азискиот бараж во кој ќе се сретнат Австралија и Обединетите арапски емирати.

 

 

Се вчитува...