Перу прогласи неработен ден поради баражот за пласман на Мундијалот

Владата на Перу објави дека понеделник 13. јуни ќе биде неработен ден за сите јавни служби и вработените во јавниот сектор, поради тоа што фудбалската репрезентација ќе игра бараж против Австралија во Катар, и ќе се одлучи кој ќе патува на Светското првенство.

Се игра само еден натпревар, па владата сака да го оживее националниот дух и да им овозможи на сите Перуанци опуштено и во друштво да може да го гледаат натпреварот. Но, стопанската комора на Лима предупреди дека тоа би можело да има лошо влијание врз економијата во земјата, која е во голема криза.

„Не се сложувам. Ние сме оптимистичка влада и сметаме дека победа на Перу и заминување на Светското првенство ќе ја реактивира економијата во нашата земја и ќе го подигне духот на целата нација. Го гледаме ова како шанса за зајакнување на идентитетот и заедништвото“, рече министерот за култура Алехандро Салас.

Се вчитува...