Пешевски и Томовски ги пречекаа „пелистерци“: Клубовите се менуваат, пријателствата остануваат

Ракометарите на Еурофарм Пелистер пристигнаа во Германија, каде утре ќе се сретнат со Рајн-Некар Левен во рамките од Лигата на Европа на ЕХФ.

Македонските ракометари беа пријатно изненадени откако во Манхајм ги пречекаа репрезентативеците Жарко Пешевски и Мартин Томовски, кои со голем успех настапуваат во Бундес-лигата, но издвоија дел од слободното време за да се сретнат со репрезентативните колеги кои го носат дресот на битолскиот клуб.

Посетата беше овековечена со заедничка фотографија на екс-капитенот на Металург со поранешните ракометари на овој клуб, Мартин Велковски и Марио Танкоски, како и со екс-физиотерапевтот на Металург, Никола Апостоловски, со порака „Клубовите се менуваат, пријателствата остануваат“.

Се вчитува...