Пешевски на заминување од Металург, следна дестинација – Украина

Жарко Пешевски се подготвува да го продолжи егзодусот на ракометари од Металург, откако македонскиот репрезентативец доби неколку интересни понуди за продолжување на кариерата во странство. Како што тврди “g-sport.mk”, следна дестинација на големиот борец ќе биде Украина, и тоа шампионот на оваа земја, Мотор од Запорожје.

Станува збор за клуб што е редовен учесник во Лигата на шампионите, што ќе му овозможи на Пешевски и во следната сезона да биде дел од елитното европско натпреварување. Овој ракометар и лани беше поврзуван со заминување од „Автокоманда“, тогаш во последен момент се премисли и го одби Бешикташ за да остане во Металург, но како што стојат работите тој во следната сезона нема да го носи дресот на актуелниот вицешампион на Македонија.

Значаен дел од првотимците на Металург го напуштија тимот во текот на зимата, за Јагањац сериозен интерес покажува Загреб, германски Магдебург веќе подолго време преговара со Филип Кузмановски, па како што стојат работите, „металурзите“ повторно ги очекува голем летен ремонт во играчкиот кадар.

Се вчитува...