Пешиќ му ја затвори репрезентативната врата на Теодосиќ

Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ денеска го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за престојното Светско првенство кое од 25. август до 10. септември ќе се одржи во Филипини, Јапонија и Индонезија.

А, и покрај тоа што се соочува со проблем на позицијата плејмејкер, на списокот повторно нема место за Милош Теодосиќ, легендарниот кошаркар кој во минатото беше лидер на „Орлите“.

Претходното лето Пешиќ и Теодосиќ беа топ тема во јавноста поради меѓусебниот конфликт по отписот на кошаркарот од спискот на патници на Евробаскетот. Тогаш искусниот стратег не ја отфрли можноста за повик во друг прозорец, но сега и дефинитивно ја „затвори вратата“.

„На тоа прашање дадов договор, така да нема потреба повеќе да се враќаме на таа тема“, кратко изјави Пешиќ на денешанта пресконференција.

Се вчитува...