Пешиќ не трпи недисциплина: Го избрка Серафан среде натпревар (видео)

Светислав Пешиќ отсекогаш важел за тренер кој не трпи недисциплина на своите кошаркари, но тоа очигледно не го знаеше Кевин Серафан, кој на потешкиот начин научи како не треба да му се приговара на српскиот стратег.

Пешиќ го повлече францускиот центар од игра, по што почна да му објаснува на Серафан што треба да поправи во својот настап. Французинот му врати на својот тренер, по што Пешиќ ги загуби нервите и среде натпревар го испрати Серафан во соблекувална.

Јас не го казнив Серафан, тој се казни самиот. Две години е овде и не само јас, туку сите во клубот правиме се за да се чувствува подобро. А тој се уште не е среќен“ – истакна Пешиќ по натпреварот.

Се вчитува...