Пешиќ „полудел“ по дебаклот од Реал: Кошаркарите 40 минути заклучени во соблекувална

Кошаркарите на Барселона доживеаја катастрофален пораз на гости од лутиот ривал Реал Мадрид од 92-65 во Евролигата.

Дебакл кој, сосема очекувано, тешко го преживеа тренерот на каталонскиот ти, Светислав Пешиќ. По мечот Пешиќ дури 40 минути ги држел во соблекувална играчите, а неговиот вресок долго одекнувал во салата…

Крилниот кошаркар на Барселона, Пјер Ориола откако излегоа од соблекувална открил што им порачал Пешиќ…

„Пешиќ кажа многу позитивни нешта, многу зборуваше за катастрофата која ја доживеавме. Но, мора да останеме позитивни. Знаеме дека е тешко кога ќе доживееш ваков пораз токму од Реал но мора да мислиме веќе на следните натпревари“ – рече Ориола.

Се вчитува...