Пешиќ се потсети на старите времиња: Во салата на Работнички во Скопје играш и не знаеш каде ти е задникот, каде главата (ВИДЕО)

Светислав Пешиќ се врати на кормилото на српксата кошаркарска репрезентација и во првиот натпревар по „камбекот“ стигна до триумф од 101-100 над Летонија со што беа отворени квалификациите за Свесткото првенство 2023. Следниот противник за „Орлите“ е секогаш мотивираната Белгија која е „тврд орев“ на домашен терен.

Токму за тоа говореше и искусниот стратег кој притоа се потсети на методите кои ги користела југославенската репрезентацијата, а ја посочи салата „Градски Парк“ во Скопје.

„Во недела играме во 15 и 30 часот, во распродадена, мала сала со три илјади навивачи. Затоа и ја одбраа таа сала како што правевме и ние порано со тие мали сали како онаа на Работнички во Скопје па кога ќе дојдеме таму не знаеме каде ни е задникот каде ни е главата. Тоа беше кога бев тренер на Германија против Југославија. Кога ќе влеземе внатре не знаеме каде се наоѓаме. Така и тие прават сега, наместо да учат од добрите работи, тие ги користат тие методи за организација на натпревар. Во три часот играме во мала сала па кој ќе преживее оди понатаму“, изјави меѓу другото популарниот „Кари“.

Се вчитува...