Пет години од несреќата на Михаел Шумахер – постои видео-снимка од трагичниот момент

Постои снимка на која е забележана несреќата во која настрада Михаел Шумахер. Германскиот весник „Билд“ открива дека оваа датотека ја поседува сопругата на седумкратниот Ф1 шампион, Корина Шумахер.

Утре се навршуваат пет години од трагичната несреќа што се случи на 29 декември 2013 година на француските Апли. Михаел Шумахер имаше фатален пад на скијање при кој се здоби со тешки повреди на главата. Седумкратниот шампион помина неколку месеци во кома, беше подложен на бројни операции, а потоа е префрлен на рехабилитација во неговиот дом во близина на Женева.

Неговото здравствена состојба по желба на семејството се чува во тајност и речиси да нема и никаква информација во јавноста.

Сепак, „Билд“ на петтата годишнина од несреќата објави дека постои снимка на која е забележана несреќата на легендарниот возач. Шумахер додека скијал имал мотирана камера на кацигата.

При падот, кацигата се скршила, но камерата продолжила да снима. Оваа снимка била многу важен доказ за обвинителството кое го испиувало случајот. Откако е направена анализа на снимката, таа и е вратена на Корина Шумахер. Освен дека снимката постои и се чува во семјеството, „Билд“ нема сознанија дали некој од семејството досега ја прегледал.

Михаел Шумахер на 3 јануари ќе го прослави 50-от роденден и како што е најавено, датумот ќе биде одбелеќжан и од тимот на Ферари.

Иако за состојбата на Михаел Шумахер информации се ретки и селектирани, новинарите од британскиот „Дејли мејл“ неодамна открија дека легендарниот возач е во многу подобра состојба и веќе не е врзан за апаратити и за специјалната опрема како што се тврдеше претходно.

„Секогаш сум многу внимателен кога зборувам за тоа. Но, тоа е вистина. Со Михаел заедно ја гледавме трката за ГН на Бразил (трката се возеше на 11 ноември годинава) – потврди Жан Тод, претседател на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) и близок пријател на Михаел Шумахер.

Се вчитува...