Пет гола за девет минути – Волфсбург уште има кошмари од Левандовски (видео)

Баерн Минхен попладнево го пречекува Волфсбург, а секој меч на „Алијанц арена“ меѓу овие два тима е повод за навраќање на најдоброто голгетерско издание на еден фудбалер во историјата на Бундес-лигата, она на Робеерт Левандовски на мечот одигран на 22 септември 2015 година.

Волфсбург водеше со 0-1 по првото полувреме, кога Гвардиола го уфрли во игра Левандовски на местото на Тијаго. Желбата беше јасна – резултатски пресврт, но  никој не очекуваше така моќно издание на Полјакот, кој во периодот од 51. до 60. минута постигна дури пет погодоци.

Тој за три минути и 21 секунда постигна хет-трик, остварување што се уште е најбрзо во историјата на Бундес-лигата, а петтиот гол, реализиран со неповторлив волеј-удар го постигна во период од 8:59 минути во однос на првиот, за најбрзо постигнати пет погодоци во историјата на светскиот фудбал од страна на еден ист играч.

Во пресрет на денешниот дуел меѓу Баерн и Волфсбург, уживајте во петте гола за историја на Роберт Левандовски.

Се вчитува...