Петар Атанасијевиќ продолжува во Еурофарм Пелистер

Еден од најталентираните македонски ракометари, Петар Атанасијевиќ по солидните партии прикажани на Светското првенство во Полска и Шведска доби прекоманда од вториот во првиот тим на Еурофарм Пелистер.

Претходно и неговиот брат близнак Павле Атанасијевиќ потпиша обновување на договорот со Е. Пелистер, па така браќата одново ќе играат во иста екипа.

Петар Анатасијевиќ игра главно на позицијата лево крило, а на мундијалот поголема шанса и минутажа доби во Президент Куп каде што селекторот Лазаров на последните натпревари не го користеше својот најпознат играч, Дејан Манасков.

Се вчитува...