Петар Љамчевски и Србинот Срѓан Драшковиќ, две нови засилувања за Силекс

Македонскиот прволигаш Силекс доведе уште две нови засилувања во овој летен преоден рок. После Филип Миленковски, уште еден досегашен „пелистерец“ одлучи да пристигне во Кратово. Нова аквизиција на Силекс е Петар Љамчевски.

Нов член на кратовскиот тим е и српскиот интернационалец Срѓан Драшковиќ. Тој игра на стоперската позиција, има 27 години, висок е 190 сантиметри и доаѓа од српскиот клуб ЧСК Пивара Челарево.

Драшковиќ потпиша двегодишен договор со Силекс и треба да се приклули на стартот на летните подготовки.

Се вчитува...