Петар Петковски потпиша нов едногодишен договор со Работнички

Младинскиот репрезентативец Петар Петковски го обнови договорот со Работнички, објави клубот од Дебар Маало на официјалниот сајт. Тој потпиша нов едногодишен договор и ќе му биде на располагање на тренерот Александар Влахо во продолжението од шампионатот. Петковски минатата сезона беше еден од најдобрите играчи во тимот, а раководството успеа да го задржи уште една сезона. Тој беше пред трансфер во странство, но на крајот сепак ќе остане во таборот на „романтичарите“.

„Среќен сум што ја продолжувам соработката со Работнички. Благодарност до раководството на клубот за разбирањето и за обновената доверба. Верувам дека ќе бележиме многу подобри резултати во периодот што следи. Фокусиран сум максимално на тренинзите и брзо ќе се вратам во потребниот натпреварувачки ритам“, изјави Петар Петковски за сајтот на Работнички.

Се вчитува...