„Петарда“ од Ренова за албанскиот Кораби

Фудбалерите на Ренова запишаа убедлива победа од 5-0 на пријателскиот натпревар против албанскиот Кораби од Пешкопеја.

„Гипсарите“ беа далеку подобар противник на дуелот кој се одигра на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид, сосема заслужено стигнувајќи до убедливиот триумф.

Стрелци на головите за Ренова беа Ремзифаик Селмани и Флоријан Кадриу, кои по двапати стрелаа во противничката мрежа, а еден гол запиша и Нехар Садики.

Се вчитува...