Пети Милс следната сезона во Бруклин Нетс

Австралискиот кошаркар Пети Милс потпиша едногодишен договор со Бруклин Нетс. Тој по девет години го напушта Сан Антоно Спурс од кој беше дел од 2012 година. Претходно од 2009 до 2011 година го носеше дресот на Портланд Треилблејзерс.

Пети Милс во новата сезона треба да биде поддршка од клупата за триото на Нетс, Дурант, Ирвинг и Харден во нападот на титулата во НБА лигата. Милс е шампион со Сан Антонио Спурс од 2014 година, а пред неколку дена на Австралија и го донесе бронзениот медал на Летните олимписки игри.

 

Се вчитува...