Петровски се приклучи на првиот тим на Пелистер

Раководството на Пелистер продолжува со трендот да ги вклучува најталентираните ракометари од втората екипа во првиот тим на битолчани. Така, по крилото Цветан Кузманоски од денеска нов член на првата екипа на Еурофарм Пелистер е и 23-годишниот бек, Дарио Петровски.

Тој веќе се стави на располагање на стручниот штаб и денес ќе го одработи првиот тренинг. Утре се очекува неговото деби на натпреварот против Струга во првото коло од плеј-офот (17:00 часот).

Овој потпис за мене е напредок и мотив плус за чекор напред во кариерата. Со добри игри верувам дека ќе се претставам кај тренерот Бабиќ и очекувам добра иднина и за мене и за клубот. Разговарав со тренерот, размислува за мене и ми кажа за што му требам и на кои задачи треба да одговорам. Мое е да тренирам и да се посветам на тоа што го бара тренерот од мене, па потоа и да го презентирам на терен. Со самиот ростер се гледа дека Еурофарм Пелистер е еден чекор пред Еурофарм Пелистер 2 и тука сум да одговорам на предизвикот, бидејќи надлежните видоа нешто во мене и мислат дека можам да одговорам на тој предизвик“, истакна Петровски.

Се вчитува...