Петруш: Вардар е „микс“ од сила и интелигенција, затоа е многу опасен

Специјалистот за одбрана во таборот на Барселона, Тијаго Петруш, ги предупреди своите соиграчи дека полуфиналето против Вардар ќе биде исклучително тешко за каталонскиот гигант. Според него, пресудно за Барса ќе биде да се одигра добра обрана од која би произлегле и лесни голови на спротивната страна.

„Мислам дека најважно ќе биде да играме добро во дефанзива. Добро соработувам со Фабрегас и со Сорендо, ќе имаме и помош од голманите, добрата одбрана е рецептот за успех бидејќи од неа произлегуваат и голови од контранапади. Ова што го велам не значи дека ќе ни биде лесно, бидејќи Вардар е квалитетен ривал. Станува збор за тим што е „микс“ од сила и од интелигенција, што го прави многу опасен за противниците. Ова ми е прв фајналфор во кариерата, сите ми велат дека чувството е специјално и едвај чекам да почне натпреварувањето во Келн“ – истакна Петруш.

Барселона и Вардар ќе излезат на мегдан во „Ланксес арена“ во Келн на 1 јуни со почеток во 18 часот. Претходно, во првото полуфинале силите ќе ги одмерат Веспрем и Кјелце.

Се вчитува...