Пик Сегед доаѓа комплетен: Знаеме што не чека во Скопје

Екипата на Пик Сегед доаѓа во комплетен состав на гостувањето против Вардар во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, што ќе се игра в четврток во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Унгарците во последно време се мачеа со повредите на Калмар, Бодо, Габер и Житников, но четворицата тренираа со полна пареа во изминатите денови, ставајќи му се на располагање на тренерот Пастор.

Унгарскиот првак објави дека во Скопје ќе одржи два тренинзи, в среда навечер и в четврток наутро, во пресрет на дуелот закажан за четврток во 20 часот.

„Дојдоа на ред и овие две средби со Вардар, за кои сме максимално фокусирани. Ова се нашите два најважни меча сезонава, знаеме што не чека во Скопје и мораме да одиграме со 150% од нашите можности. Ако бидеме на посакуваното ниво, ќе играме на Ф4 во Келн, што е сон на сите во клубот“ – изјави Марио Шоштариќ.

Се вчитува...