Пик Сегед со нова тактика: Карачиќ, Скубе и Криштопанс не смеат да минуваат „еден на еден“

Унгарскиот тим Пик Сегед се надева дека може да ја анулира негативата од осум гола (23-31) што ја има по првиот меч против Вардар, а подготви и поинаква тактика за реваншот. Тренерот Хуан Карлос Пастор ќе бара од неговите ракометари во никој случај да не дозволат да се размавне повторно бековската линија на Вардар. Карачиќ, Скубе и Криштопанс, според Пастор, не смеат повторно да се размавнат и да доминираат во игра „еден на еден“.

„Нашата одбрана мора да биде цврста и многу поефиксна. Не смееме да им дозволиме на Криштопанс, Карачиќ и на Скубе да ја наметнат својата игра. Во Скопје не уништија со индивидуални акции и игра „еден на еден“. Се надевам дека и голманите ќе имаат свој ден и дека уште од самиот почеток ќе влеземе во потребниот елемент“, вели тренерот на Пик Сегед, Хуан Пастор.

Вардар на првиот меч во Скопје долго се обидуваше да го скрши отпорот на противникот и тоа му успеа дури во финишот. Карачиќ, Скубе и Криштопанс навистина делуваа незадржливо за одбраната на унгарскиот состав.

Се вчитува...