Пике ги разбесни соиграчите: Војна со соблекувалната на Барселона

Џерард Пике се наоаѓа на средината од поделената соблекувална на Барселона откако направи неочекуван потег и потпиша продолжување на договорот зад грбот на соиграчите. Барселона синоќа објави дека ги продолжила договорите со четворица играчи меѓу кои и со Пике. Тер Штеген и Де Јонг кои се меѓу четворицат со нови договори од почеток не го потпишаа писмото на играчите во кое не се солгасуваат со намалувањето на платите за 25 проценти.

Проблерот кај Пике е што тој е потпишан на писмото. Но, за кратко го промени ставот и му излезе во пресрет на клубот кој се очекува деновиве да ги почне обидите за договор со првотимците за намалување на платите. Во март годинава фудбалерите се согласија на пониски плати. Тогаш лично Лео Меси објави дека постигнале договор за намалување од 70 проценти.

Но ,сега токму Меси е предводник на бунтот. Барселона објави загуба од 88 милиони футни и се обидува да ја компензир загубата преку платите на играчите. Шпанскиот весник „Марка“ тврди дека потегот со Пике е дел од разработената стратегија на клубот „раздели па владеј“.

 

Се вчитува...