Пике искрен како никогаш: Секоја година сме се полоши и полоши

Барселона триумфираше синоќа со 2-1 против Динамо Киев во натпревар во кој еден од погодоците за каталонскиот тим беше дело на Жерард Пике.

Фудбалерот на Барселона брутално искрен по натпреварот, свесен за бледото издание на тимот на Роналд Куман.

„Мора да кажеме дека играме чудно, под некаков притисок. Во секој случај најважни се трите бода, но мора да размислиме како понатаму. Овој тим секоја година игра се полошо и полошо. Клубот е таков каков што е, во преоден период. Мора да направиме пресврт и во нашето однесување. Клуб како Барселона не може да биде без транзициски период, не е ова лесна година за нас но мора тука и ние фудбалерите да помогнеме со нашиот однос и на терен, и надвор од него“ – истакна Пике по натпреварот.

Се вчитува...