Пике: Рома си даваше автоголови, затоа што ние силно притискавме

Барселона обезбеди одлична предност (4-1) против Рома во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. Куриозитет се двата автогола на фудбалерите на Рома, а во листата на стрелците за Барселона се запишаа и Жерар Пике и Луис Суарез. Босанецот Един Џеко ја погоди мрежата на каталонскиот тим.

„Одигравме одлчен натпревар и не може да се каже дека имавме среќа, затоа што го заслуживме секој гол во мрежата на Рома. Тие си постигнаа два автогола, но само затоа што ние силни притискавме. Рома е квалитетен тим, но играше многу дефанзивно вечерва на „Камп Ноу“. Ние имаме убава предност и сакаме да ги освоиме сите трофеи оваа сезона“, изјави Жерар Пике по триумфот.

Се вчитува...