Барселона одигра натпревар без голови со Славија Прага во 4. коло од ЛШ. По поразот во првенството синоќа избраниците на Валверде повторно разочараа, па во каталонскиот тим оправдано владеее загриженост по новиот кикс.
„Оваа ситуација мора да ја решиме што побрзо, и тоа со ладни глави. Не играме како што треба, но се уште сме во добра позиција и во првенството и во Лигата на шампионите. Но, мора под итно да се освестиме затоа што вака не се освојува Лига шампиони“ – вели Жерард Пике, притоа дополнувајќи:
„Се сеќавате на 2015 година кога не водеше Луис Енрике. На отворањето на сезоната бевме неубедливи, но на крајот стигнавме до тројната круна“.
Пике поради суспензија ќе мора да го пропушти следниот натпревар на Барселона против Борусија Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА