Пике: Во првиот дел го видов најслабиот Реал во кариерата, а потоа…

Барселона го загуби „Ел Класико“ и му дозволи на големиот ривал Реал Мадрид повторно да се врати на врвот на табелата во Ла Лига. Дефанзивецот Жерар Пике вели дека Барселона не успеала да го искористи слабото издание на „кралевите“ во првото полувреме.

„Во првиот дел го видов најслабиот Реал Мадрид во мојата кариера. Беа очајни, а ние тоа не го искористивме. Имаме шанси, но не погодивме. А потоа загубивме многу лесни топки и тоа противникот знаеше да го казни. Бевме многу блиску до победа во Мадрид, а на крајот се враќаме поразени“, изјави Жерар Пике.

До крајот на шампионатот во Ла Лига остануваат 12 кола, а Реал Мадрид има еден бод предност во однос на Барселона.

Се вчитува...