Пике за судбината на Меси во Барселона: Тој си знае…

Не стивнуваат шпекулациите околу судбината на Лионел Меси во Барселона. Жерард Пике нагласува дека сите фудбалери во тимот сакаат Меси да остане и по крајот на договорот кој му завршува во јуни, но тоа е само негова лична одлука.

„Тоа мора да го прашате Меси. Јас не знам. Тој си знае… Сите ние сакаме да остане, но тоа е негова лична одлука“ – вели Пике, истакнувајќи дека е тажен што клубот го напушти Луис Суарез.

„Бев тажен кога замина. Многу помина со нас. Делевме исти нешта, не се тоа само 90 минути. Тоа се оние работи кои навивачите на може да ги видат. А ние многу поминавме заедно“.

Пике, кој неодамна се повреди, неколку месеци ќе биде надвор од терените.

Се вчитува...