Пике заминува од Барселона – Шакира го избра новиот клуб

Жерар Пике летово ја напушта Барселона, пренесуваат шпанските медиуми. Искусниот фудбалер веќе ја соопштил веста на раководството на Каталонците дека по 12 години сака да го напушти „Камп ноу“, а негова следна дестинација се наведува дека е МЛС лигата.

Иако има договор до 2022 година, одбранбениот фудбалер заедно со неговата сопругата Шакира, одлучиле дека е време да ја напушти Барселона и да ја продолжи кариерата во друг клуб. Како прв фаворит се споменува новата МЛС франшиза Интер Мајами, чиј сопственик е легендарниот Дејвид Бекам.

Пике е само едно од звучните имиња кои се споменуваат со премин во овој клуб. Како потенцијални засилувања се споменуваат и Давид Силва, Серхио Бускетс, Единсон Кавани…

Се вчитува...