Пикси за 825.000 евра нов селектор на Србија, Бошко Ѓуровски негов асистент!?

Фудбалскиот сојуз на Србија силно инсистира Драган Стојковиќ – Пикси да ја преземе селекторската функција во А-репрезентацијата.

Иако веќе подолго време српските медиуми објавуваат дека сигурно ќе биде новиот селектор, сепак договорот меѓу двете страни не се одвива според планираното. Па, сега Србите буквално го молат Стојковиќ да ја прифати селекторската функција за плата од 825.000 евра. Популарниот Пикси, пак, тоа го одбива затоа што во моментов тој добива најмалку двојно поголема плата од Гвангжу РФ. Ако Стојковиќ ја прифати работата во Србија ќе загуби девет милиони евра, тврдат српските медиуми.

Доколку, на крај, Стојковиќ ја прифати понудата тогаш негов асистент на клупата ќе биде поранешниот македонски селектор Бошко Ѓуровски.

Се вчитува...