Изминатиот викенд се одржаа првите два бодовни турнири во пинг-понг за 2022 година. Првиот бодовен турнир Телеком Мастерс беше во конкуренција до 19 години во Берово. На турнирот земаа учество 19 жени и 31 маж. Победници на турнирите беа: Александар Јакимовски кај машките и Ана Стојановска кај жените.
На вториот до 12 години исто така во Берово земаа учество 12 девојки и 8 момчиња. Победници на турнирот беа Кристијан Каламадевски кај машките и Моника Стајковска кај девојките.
ДО 19 ГОДИНИ:
Мажи:
1. Александар Јакимовски – ППК Крива Паланка
2. Лука Стојчев – ППК Шампион Фа
3. Теодор Волкановски – ППК Крушево
3. Нико Доага – ППК Крушево
Жени:
1. Ана Стојановска – ППК Крива Паланка
2. Васе Богоевска – ППК Крушево
3. Софија Хасану – ППК Крушево
3. Катерина Лаура Михајлов – Телеком Нец 2
ДО 12 ГОДИНИ:
Момчиња:
1. Кристијан Каламадевски – ППК Зегин Берово
2. Леонид Гидалов – ППК Студент
3. Мартин Ристески – ППК Младост 96
3. Давид Јоноски – ППК Младост 96
Девојки:
1. Моника Стајковска – ППК Зегин Берово
2. Матеја Смолиќ – ППК Рисови
3. Сара Ризовска – ППК Зегин Берово
3. Лена Гидалова – ППК Студент
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА