Пингпонгарите на Вардар ги преслушаа „телекомци“

Спортскиот Центар ФОРЦА повторно беше арената каде што суперлигашите и екипите од Првата лига ги одмерија силите во рамките на десеттото и единаесетото коло од првенството во пинг понг.

Дерби на десеттото коло во Супер лигата беше натпреварот меѓу Вардар и Телеком НЕЦ, кој заврши со 4-2 за Вардар. Во овој натпревар Милош Миленковиќ од Србија кој настапува за „телекомци“ го победи првакот на Македонија Кристијан Станојковски со 3:0. Воедно тоа е и прв пораз на Станојковски во оваа сезона.

Единаесеттото коло повторно донесе големо изненадување, еден од најсериозните фаворити за титулата прилепски Младост убедливо со 4:1 беше поразен од Телеком НЕЦ.
Со овој пораз на Младост, екипата на Вардар е повторно чекор напред во борбата за најповолната позиција за плеј-офот. Другите натпревари завршија со победи на фаворитите.

РЕЗУЛТАТИ СУПЕР ЛИГА

Супер лига 10. коло

Телеком НЕЦ – Вардар 2-4

Младост 96 – Мултитекс 4-0

УГД – Шампион ФА 1-4

Младост – Работнички 4-0

Супер Лига 11. коло

Младост – Телеком НЕЦ 1-4

Работнички – УГД 4-0

Шампион ФА – Младост 96 1-4

Мултитекс – Вардар 1-4

ТАБЕЛА СУПЕР ЛИГА

1 Вардар 10 1 21

2 Младост 9 2 20

3 Младост 96 8 3 19

4 Телеком НЕЦ 7 4 18

5 Шампион ФА 4 7 15

6 Работнички 4 7 15

7 УГД 2 9 13

8 Мултитекс 0 11 11

Во Првата лига изненадувањето на десеттото коло го приреди велешката екипа Борец ТИМ која со 4-3 во многу неизвесен меч го совлада битолски Пелистер, иако имаше негатива од 1-3 во натпреварот. Со оваа победа велешани ќе се обидат да го избегнат седмото место на табелата кое води кон играње на бараж натпревар за опстанок.

Во единаесеттото коло најголемото изненадување во лигата од самиот почеток го приреди екипата на Студент која го совлада тимот на Кочани со 4-2. Со овој пораз на Кочани, екипата на Радовиш на три кола до крајот речиси е сигурен суперлигаш од следната сезона. Додека борбата за првото место речиси е готова, битката за опстанок е неизвесна до самиот крај. Три екипи, Пелистер, Борец ТИМ и Студент ќе водат битка и следната сезона да се натпреваруваат во Првата лига.

РЕЗУЛТАТИ ПРВА ЛИГА

Прва лига 10. коло

Студент – Радовиш 0-4

Струга – Пошта 2 4-3

Борец ТИМ – Пелистер 4-3

Кочани – Дебар Маало 4-1

Прва Лига 11. коло

Кочани – Студент 2:4

Дебар Маало – Борец ТИМ 4:3

Пелистер – Струга 1:4

Пошта 2 – Радовиш 2:4

ТАБЕЛА ПРВА ЛИГА

1 Радовиш 11 0 22

2 Кочани 9 2 20

3 Дебар Маало 6 5 17

4 Пошта 2 6 5 17

5 Струга 6 5 17

6 Борец ТИМ 2 9 13

7 Пелистер 2 9 13

8 Студент(-1) 2 9 12

Се вчитува...