Пингпонгарите темпираат форма за Балканското првенство во Подгорица

Во пресрет на претстојното Балканско првенство во пинг понг за млади до 21 година, кое ќе се одржи во Подгорица од 2. до 6. август, нашите надежи одржуваат напорни подготвителни тренинзи. Подготовките ги започнаа со добри резултати, извојувајќи победа на пријателскиот меч против репрезентацијата на Косово.

Во наредните неколку дена, нашите репрезентативци ќе продолжат со неколкудневни подготовки, a  дополнително ќе одиграат и пријателски меч со пинг-понг клубот Железничар од Ниш.

Нашата репрезентација ја предводат селекторите Филе Матевски и Миле Петрески, а нивните избраници за Балканското првенство во пинг понг во Подгорица се: Теодор Кировски, Венко Стојанов и Христијан Јованов во машка конкуренција и Ива Димитриевска, Бојана Михајловска и Ана Стојановска, во женска канкуренција.

Се вчитува...