Пиоли: Не е лесно да соработуваш со Ибра

Златан Ибрахимовиќ на 41-годишна возраст стави крај на неверојатната кариера во која шведскиот голгетер постигна 827 голови настапувајќи за тимови како Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер Јунајтед…

Покрај голгетерските способности популарниот „Ибра“ ќе остане познат и по својот посебен карактер кој често знаеше да донесе многу насмевки, но и да излуди разни тренери. Еден од овие вторите е и Стефано Пиоли кој вели дека не е лесно да соработуваш со Швеѓанецот со балканско потекло.

„Тој е неверојатен фудбалер и е многу интелигентен. Вистински шампион. Многу сум тажен дека повеќе нема да го тренирам. Тој е победник и борец, знам дека не му е лесно. Постојано зборевме и не секогаш беа лесни разговори, но знаев дека имам работа со личност на високо ниво која секогаш го говори тоа што го чувствува и тоа што го има на ум, која говори за доброто на тимот. Понекогаш малку говорев, а многу слушав. Тој е неверојатен“, вели Италијанецот.

Се вчитува...