Пиоли: Разочаран сум, покажавме дека сме подобриот тим

Со минималниот пораз на домашен терен (0-1) од Манчестер Јунајтед, фудбалерите на Милан се опростоја од интернационалната сцена и го завршија своето учество во осминафиналето од Лига Европа.

По натпреварот тренерот на Милан, Стефано Пиоли не го криеше разочарувањето, поготово поради фактот дека „росонерите“ одиграа одлични 180 минути.

„Според прикажаното во двата натпревари не заслуживме да испаднеме. Елиминацијата ме разочара бидејќи во двомечот покажавме дека сме сјаен тим. Требаше да постигнеме погодок во првото полувреме од реванш натпреварот. Штета, многу претрпевме да стигнеме до тука. Оваа екипа заслужи да продолжи понатаму“ – изјави тренерот на Милан.

Притоа Пиоли истакна дека жал му е што на натпреварот настапи со десеткуван состав, а доколку не беа повредите кој знае што ќе се случело.

„Кога на ждребот ни падна Јунајтед, бевме возбудени поради тоа. Сепак тие ги имаа своите најдобри фудбалери на располагање. Се надеваме дека и ние ќе имаме квалитетен тим за конкуренција. Доколку можевме денеска да настапиме со Манџукиќ, Ребиќ или Леао, можеби тоа ќе направеше разлика“ – додаде Пиоли.

 

Се вчитува...