Пипен: Во „балонот“ не се игра НБА, туку обичен баскет!

Легендарниот кошаркар на Чикаго Булс, Скоти Пипен даде свое мислење околу НБА сезоната која поради пандемијата од коронавирусот мораше да заврши во „балон“ во Дизниворлд на Флорида. Многу љубители на кошарката ја пофалија НБА лигата за се што направи натпреварувањето да продолжи, но со нив не се сложува Скоти Пипен. Шесткратниот НБА шампион смета дека конкуренцијата и состојбата во лигата не е озбилна.

„Да бидам искрен, ова што го гледам во „балонот“ не е НБА. Ги нема тие препознатливи големи борби, нема навивачи, нема патувања, ги нема сите тие работи кои те деконцентрираат во текот на натпреварот. Ова не е кошарка, ова е обичен баскет“, изјави Пипен. 

 

Се вчитува...