Пипо Инзаги е нов тренер на Бреша

Филипо Пипо Инзаги од следната сезона ќе го предводи тимот на Бреша, клуб кој се наоѓа во италијанската Серија Б. Некогаш славниот италијански напаѓач во Бреша дојде од Беневенто, кој минатата сезона беше исфрлен од Серија А.

Инзаги не го криеше своето задоволство, па напомена дека за него почнува нов предизвик во тренерските води.

„За мене започнува нова авантура. Горд сум што се приклучив на Бреша. Сакам да му се заблагодарам на претседателот Масимо Селин и спортскиот директор што веруваа во мене и што ми ја дадоа можноста“, рече Пипо Инзаги.

Во досегашната тренерска кариера, Инзаги, покрај Беневенто и Бреша, ги водеше екипите на Милан (2014-2015), Венеција (2016-2018) и Болоња (2018-2019).

Се вчитува...