Пирло го носи „новиот Пирло“ во Јувентус

Андреа Пирло ја доби довербата на италијанскиот првак Јувентус да седне на клупата на „старата дама“. Неговата задача е да го проветри сегашниот состав и да го трансформира во напаѓачка „машина“ која ќе ги меле противниците во Серија А.

„Фудбалскиот Моцарт“ има своја идеја, Јувентус да доминира на средината на теренот, да го крши противникот и да ја казнува секоја негова грешка. Но, за тоа ќе му бидат потребни и неколку нови засилувања. Доаѓа Артур од Барселона, а Пирло го сака во Торино и „новиот Пирло“.

Сандро Тонали од Бреша е најавен како наследникот на Пирло и тој е цел на најголемите италијански клубови. Речиси е договорен за трансфер во Интер, но тој би можел да ја промени одлуката доколку добие повик од неговиот идол. Интер за него нуди 40 милиони евра, Јувентус секако ќе мора да ја израмни таа понуда.

Се вчитува...