Пирло инсистира Запата да дојде во Торино

Италијанскиот првак Јувентус е во потрага по нов напаѓач за следната сезона со оглед дека Гонзало Игуаин речиси сигурно ќе замине од Торино. Раководството на клубот е во преговори и со Пауло Дибала за обновување на договорот, а аргентинскиот интернационалец бара годишна плата од 15 милиони евра. Токму затоа новиот тренер Андреа Пирло инсистира Јувентус да го купи Дуван Запата од Аталанта.

„Старата дама“ е подготвена да плати 35 милиони евра за робусниот напаѓач кој изминатата сезона беше стрелец на 12 гола на 19 натпревари во дресот на Аталанта. Претходно, клубот од Бергамо ја одби понудата од 30 милиони евра за колумбискиот интернационалец.

Јувентус се интересира и за услугите на Аркадиуш Милик, но и покрај договорот со полскиот голгетер „старата дама“ не може да се договори со Наполи за висината на трансферот.

Се вчитува...