Пирло прави „чистка“ во Јуве, десетмина на трансфер-листа

Италијанскиот првак Јувентус го именува Андреа Пирло за нов тренер што е можеби и неочекуван потег со оглед дека тој нема речиси никакво тренерско искуство. Пред само десетина дена, Пирло беше промовиран како тренер во Б тимот на Јувентус со цел да го стекне неопходното искуство, но по елиминацијата на „старата дама“ од Лигата на шампионите експресно доби шанса и седна на местото на Маурицио Сари кој доби отказ.

Сега на Пирло му преостанува да го селектира составот за новата сезона во Серија А и според „Газета дело спорт“, тој е подготвен да направи голема чистка. Се најавува дека дури десетмина фудбалери ќе бидат ставени на списокот за заминување. Игуаин, Кедира, Матуиди, Коста, Рамзи, Бернардески, Де Шилјо, Ругани, Сандро и Данило би можеле да се најдат на трансфер-листата на Јувентус.

Стартот на летните подготовки на Јувентус за за новата сезона е закажан за 24 август.

Се вчитува...