Пирло тргна со победа, тандемот Кулушевски – Роналдо функционира одлично

Андреа Пирло дебитираше со победа на клупата на Јувентус откако „старата дама“ рутински славеше со 5-0 на контролниот натпревар против нисколигашот Новара.

Новиот стратег на Јуве им даде шанса на сите фудбалери кои не се повреди во моментов, а интересно е што во првото полувреме Роналдо за партнер во нападот го имаше Дејан Кулушевски. Младиот Швеѓанец со македонски корени одлично се снајде и во оваа улога, асистирајќи му на Португалецот при првиот погодок на мечот.

Останатите четири погодоци беа постигнати во второто полувреме, а стрелци беа Рамзи, Пјаца и Портанова, кој постигна два гола во судиското продолжение од мечот.

Се вчитува...