Пирло тргнува по стапките на Гвардиола и Зидан

Легендарниот италијански фудбалер Андреа Пирло ќе тргне по стапките на Пеп Гвардиола и Зинедин Зидан кои своите тренерски кариери ги почнуваа во Б-тимовите на Барселона и Реал Мадрид.

Имено, Пирло ќе се врати во Јувентус каде ќе биде тренер на тимот до 23 години кој се натпреварува во третата по ранг лига во Италија. Од италијанскиот шампион имаат доверба во него и се надеваат дека по неколку сезони поминати во тимот до 23 години ќе стекне доволно искуство за еден ден да го преземе и првиот тим на „старата дама“.

Пирло е чест гостин на натпреварите на Јувентус, а во моментов го посетува тренерскиот курс во Коверчана каде треба да добие лиценца за тренерска работа. Пирло имаше понуда и од италијанската фудбалска федерација, но сепак на крајот се одлучи за Јувентус.

Се вчитува...