Писонеро: Сакам победа на секој натпревар

Бранителот на титулата во СЕХА лигата, актуелниот македонски и европски шампион Вардар утре против дебитантот во регионалното натпреварување Пекинг Спорт Универзитет ја почнува одбраната на трофејот. Тренерот Писонеро и новите играчи во тимот ќе го имаат официјалнот деби пред домашните навивачи.

„Среќен сум што официјалниот почеток на сезоната го имаме во Скопје.Стартот на сезоната е важен за Вардар. Пекинг Универзитет е непознат тим. Сепак, после Супер Глоуб за нас е важно да го кренеме нивото и да почнеме да играме сe подобро. За играчите е добро да почнат во добар ритам и без разлика што ова е непознат ривал наше е да одиграме најдобро што можеме и се надевам дека како ќе одминува времето ќе бидеме сè подобри“ – вели шпанскиот стратег.

Писонеро вели дека кај Вардар има простор за подобрување во однос на изданијата прикажани на контролните натпревари и на Супер глоуб.

„Не сум задоволен од сите резултатите досега. Мојата цел е секое излегување на терен да биде победа. Супер Глоуб е повеќе од обични подготовки, а можам да бидам задоволен од првото полувреме против Кил. За мене е многу важно да играме добро и како влегуваме во натпреварите. Од тоа можеме да сме задоволни“ – вели Писонеро.

Покрај Вардар и Пекинг во оваа група од прелиминарниот сегмент се и Нексе, Војводина, Тартан Прешов и Мотор Запорожје.

Се вчитува...