Пивковски потпиша за шведскиот Ангелхолмс

Поранешниот младински репрезентативец Филип Пивковски е нов фудбалер на шведскиот Ангелхолмс. Тој се раздели со Ландскрона и ја прифати понудата на шведскиот второлигаш. 25-годишниот крилен напаѓач ќе биде големо засилување за Ангелхолмс.

„Тој може да игра на повеќе позиции во навалната линија и ќе биде големо засилување за нашиот млад тим. Се надеваме дека ќе ни го донесе потребното искуство“, изјави Роар Хансен, тренерот на Ангелхолмс за ангажманот на Пивковски.

Се вчитува...