Пивотот Костадин Петров, нов член на Алкалоид

Алкалоид по Иван Џонов од Пролет договори уште еден трансфер во пресрет на вториот дел од сезоната, потпишувајќи договор со Костадин Петров.

Искусниот пивот дебитираше за Македонија на мундијалите на СП 2023 во Краков и во Гдањск, а она што го прикажа очигледно беше доволно за Кире Лазаров да го повика и во својот клуб. Петров првиот дел од сезоната го мина во исландскиот второлигаш Тор, но поради семејни причини реши да се врати во татковината.

За поранешниот ракометар на Металург, Вардар и Пелистер се интересираа неколку екипи, но Алкалоид излезе како победник од оваа трка. Амбициозниот скопски суперлигаш на пивотменската позиција ги има и репрезентативците Маркоски и Стојковиќ, како и Симоноски, кој лани настапи на ЕП 2022 во Дебрецен, но овојпат не се најде на мундијалскиот список на Лазаров.

Се вчитува...