Миралем Пјаниќ дебитираше во дресот на Барселона во мечот против Вилјареал кој каталонците го добија со убедливи 4-0. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина влезе во финишот на дуелот и со тоа се запиша во историските книги на фудбалот.
Имено, тој е само четиринаесеттиот фудбалер кој во кариерата ја делал соблекувалната со двајцата најдобри на сите времиња, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
Претходно таа привилегија ја имаа и Аргентинците Фернандо Гаго, Габриел Хајнце, Анхел ди Марија, Карлоз Тевез, Пауло Дибала, Гонзало Игуаин и Езекил Гарај, како и Жерар Пике, Андре Гомез, Хенрик Ларсон, Нелсон Семедо, Деко и Мартин Касерес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА