Пјаниќ и Де Шилјо во Барселона, Семедо во Јувентус

Босанскиот интернационалец Миралем Пјаниќ и италијанскиот репрезентативец Матија Де Шилјо ќе се преселат на „Камп Ноу“, а во Торино ќе пристигне Нелсон Семедо. Барселона и Јувентус договорија спектакуларна размена, тврди каталонскиот „Спорт“, а италијанскиот првак ќе треба да плати и 25 милиони евра.

Пјаниќ подолг период бараше начин да замине од Јувентус, се согласи да замине во Барселона, а Јувентус го бараше Бразилецот Артур. Сепак, тој ќе остане на „Камп Ноу“, а во Јувентус доаѓа Нелсон Семедо.

Се вчитува...